Украинскиот претседател Володимир Зеленски, при посетата на Белата куќа во Вашингтон, на својот американски колега Доналд Трамп му подарил лажен шампионски појас од боксерот Олександр Усик, Украинецот кој е светски шампион во супертешка категорија.
Украинската делегација го донела појасот во Бела куќа, а тој беше прикажан и во преносот од средбата, пред да се случи жестокиот вербален конфликт во Овалната соба.
Сепак, украинскиот боксер на социјалните мрежи напиша дека сите награди му се дома.
„Не знам кој е тој појас. Сите појаси ми се дома. Не знам каков појас му подари Зеленски на Трамп“, напиша Усик.
„Аксиос“ претходно објави дека Зеленски му ветил на Трамп дека ќе му го даде шампионскиот појас на Усик кога ќе се сретнат при посетата на Белата куќа.