Граничниот премин Богородица – Евзони вечерва од 19 часот е целосно затворен за сите типови возила, поради блокади поставени од грчките земјоделци, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот кон Грција е во целосен прекин, а засега нема информации кога преминот би можел повторно да се отвори.
Од македонска страна, на останатите гранични премини нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.
АМСМ потсетува дека од 15 ноември е активна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема, која важи до 15 март 2026 година, без разлика на моменталните временски услови.
Возачите се предупредуваат на зголемено внимание, особено на делниците каде што е можен пад на камења и земја. Како критични точки се издвојуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од АМСМ апелираат да се почитува поставената сигнализација, да се вози со прилагодена брзина и да се управува внимателно, особено на котлинските региони, клисурите и речните долини каде што условите може брзо да се променат.
Tagged as:
Блокадите на земјоделците го стопираа сообраќајот кон Евзони
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
