Финската женска фудбалска репрезентација неодамна се најде во центарот на вниманието поради необична ситуација – тренерот на тимот погрешно вклучи поранешна репрезентативка која не играла за репрезентацијата речиси три децении во списокот за натпреварот против Србија.
Оути Сааринен, селекторката на Финска, имала намера да ја повика 23-годишната дефанзивка Нана Русканен, членка на шведскиот Ѓургорден. Меѓутоа, при испраќањето на официјалниот список, таа погрешно го внесе името на Стине Русканен, поранешна играчка која сега има 51 година и одамна ја завршила кариерата.
За жал, грешката беше забележана дури откако помина рокот за пријавување играчи за натпреварот од Лигата на нации, па Нана не можеше да биде вклучена во тимот за натпреварот што заврши нерешено (1:1) во Хелсинки.
Интересно е што постарата Руусканен, иако целосно изненадена од поканата, ја прифати ситуацијата со насмевка:
„Подготвена сум ако дојде поканата. Вчера играв натпревар во хоби лигата, па сум во форма“, изјави таа за финскиот весник Илта-Саномат.
Иако двете играчи го делат истото презиме, тие не се во роднинска врска. Помладата Руусканен, и покрај разочарувањето, покажа разбирање за необичниот пропуст.
„Нане беше разочарана, но реагираше многу правилно со оглед на ситуацијата“, рече Сааринен, која јавно се извини за грешката:
„Длабоко жалам за оваа ситуација. Преземам целосна одговорност.“
Грешката што ја насмеа јавноста сигурно ќе послужи како лекција за внимателност во административните работи и потсетник дека дури и во сериозните спортови понекогаш се случуваат трагикомични ситуации.