Вредноста на биткоинот достигна нов рекорд од речиси 112.000 долари.
Најпопуларната криптовалута достигна максимум од 111.988,90 долари за биткоин, а потоа малку се намали.
Од почетокот на годината вредноста на биткоинот забележа раст за повеќе од 18%, пред сè поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кон дигиталните средства.