Топ Вести - Слушај сега
Во очекување на трајно решение Европската комисија треба реално да го идентификува проблемот со транспортниот сектор и непречениот транспортен тек и во најскоро време да имплементира соодветни мерки кои ќе обезбедат предвидливост и непречена работа на транспортните компании кои работат во меѓународниот патен сообраќај, рече министерот за транспорт Алексаднар Николоски по денешниот состанок со претставници на Европската комисија.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, денеска одржаа конференциски состанок со претставници на Европската комисија како и со директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти. На состанокот беа вклучени и ресорните министри за транспорт, за внатрешни работи и за евроинтеграции од земјите од Западен Балкан, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија.
На состанок се разговарало за надминување на проблемите со кои се соочуваат транспортерите во земјите на Шенген зоната, како и наоѓање долгорочни решенија за превозниците.
Николоски ја поздрави иницијативата на ЕК за надминување на проблемот и преку аргументирани факти го истакна ставот на Владата преку кој се бара соодветно решение за овие категории работници поради потребата од извршување на работните обврски во рамки на земјите од Шенген зоната.
Претставниците на Европската комисија ја потврдија новата визна стратегија на ЕУ во која превозниците се прифатени како професионалци и истакнаа дека ја разгледуваат можноста оваа категорија работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите
Во меѓувреме се формира работна група на експертско ниво која веќе следната недела треба да се состане и да ги материјализира заклучоците од денешниот состанок на високо ниво.
На состанокот ЕК ја потенцира важноста на транспортниот сектор и влијанието врз целокупната економија и најави целосна посветеност во изнаоѓање на трајно прифатливо решенија кое е во интерес на сите засегнати страни.
На состанокот беше потенцирано дека ова е многу важна тема за Европската Унија и во наредниот период ќе се продолжи комуникацијата меѓу сите засегнати страни.
Македонската Влада веќе изрази целосна поддршка на превозниците и во насока на изнаоѓање прифатливо решение ги презеде сите мерки што ѝ стојат на располагање со цел да се овозможи непречена работа во рамки на меѓународниот патен сообраќај.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
