Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на нејзиниот инстаграм-профил во која навидум ја потврди врската со американскиот кантри пејач Били Реј Сајрус, таткото на познатата пејачка Мајли Сајрус.
Имено, на фотографијата објавена на Велигден, двојката е во опуштено издание, на која Били Реј ја бакнува Елизабет во нејзиниот образ. На фотографијата таа носи сина карирана кошула во комбинација со светло сини фармерки, додека тој носи тексас кошула и панталони на пруги, а на главата има зелена лента со велигденски зајачки уши.
„Среќен Велигден“, кратко напиша Елизабет во описот, споделувајќи ја објавата со Били.
Обожавателите веднаш го изразија своето изненадување, а еден едноставно напиша: „Чекај… што?“. И реакцијата на нејзиниот син Демијан не остана незабележана. Тој ѝ оставил емотикони со срца во коментарите, сигнализирајќи дека е задоволен од емотивниот избор на мајка му.
Инаку, британската актерка претходно беше во 13-годишна врска со Хју Грант, со Стив Бинг во 2002 година го доби синот Демијан по краткотрајна врска, беше во брак со Арун Најар од 2007 до 2011 година, а претходно беше свршена со покојниот играч на крикет Шејн Ворн.
Кантри пејачот претходно беше во брак со Тиш Сајрус од 1993 до 2022 година, а минатата година го прекина бракот со пејачката Фајроуз по помалку од една година брак, која подоцна го обвини за вербално, емоционално и психичко малтретирање.