Безос се соочи со бунт и притисоци, па ја промени локацијата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Џеф Безос, основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе во светот, се најде во центарот на жестоки протести во Венеција поради плановите за својата раскошна свадба со поранешната ТВ водителка Лорен Санчез. Поради огромниот отпор од страна на локалното население, двојката беше принудена целосно да ја смени локацијата на венчавката, која првично беше планирана во срцето на градот заштитен од УНЕСКО.

Но, најголемиот симболичен удар дојде токму кај Ријалто, каде што активисти од движењето „Нема место за Безос“ фрлија кукла која наликува на милијардерот во венецијанскиот канал – гест што наиде на бурни реакции во јавноста.

 

 

– Ова е наш начин да кажеме дека оваа свадба е погреб за Венеција – изјави еден од демонстрантите за локалните медиуми.

Незадоволството кулминираше со поставување на џиновски транспарент на базиликата Свети Марко со ликот на Безос и натпис: „Ако можете да ја изнајмите Венеција за свадба, можете да платите повеќе даноци“.

Една од причините за протестите беше и наводното резервирање тајна кула во близина на мостот Ријалто, каде што бил планиран приватен прием за најексклузивните гости. Локалните медиуми објавија дека 95 приватни авиони побарале дозвола да слетаат на аеродромот Марко Поло, што дополнително ги разгоре тензиите во пренатрупаниот град.

Откако градските власти и безбедносните служби препорачаа преместување, финалниот прием беше префрлен од палатата Мисерикордија на локацијата Арсенале, комплекс на поранешни венецијански бродоградилишта, далеку од туристичкото срце на Венеција.

- Advertisement -
Ad image

Се проценува дека токму таму, на каналот Галеас, ќе се одржи главната свадбена церемонија, со зајакнати безбедносни мерки, снајперисти на покривите и беспилотни летала во воздухот, според изјавата на префектот Дарко Пелос.

Дополнително, беше одлучено неговата суперјахта „Кору“ да не влегува во Венецијанската лагуна. Наместо тоа, бродот останува закотвен крај брегот на Хрватска.

Во исто време, извори за Анса изјавија дека Безос и Санчез престојуваат во истиот луксузен хотел со седум ѕвездички „Аман“, каде што престојуваа Џорџ Клуни и Амал Аламудин за време на нивната свадба во Венеција во 2014 година.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article