Бетси Аракава починала 1 недела пред својот сопруг?!

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Оскаровецот Џин Хекман починал од срцеви компликации, а неговата Алцхајмерова болест била дополнителен фактор, околу една недела откако неговата сопруга Бетси Аракава ѝ подлегнала на необична инфекција во нивниот дом, објави Си-Би-Ес њуз.

Нивните тела беа откриени на 26 февруари во домот во Санта Фе, заедно со едно од нивните кучиња, а наодите од обдукцијата беа објавени во петокот во Ново Мексико.

Хекман, двократен добитник на Оскар, боледувал од напредна Алцхајмерова болест кога доживеал срцев удар и веројатно бил сам во куќата со својата покојна сопруга една недела пред сопствената смрт.

Главниот лекар, кој ја истражувал смртта на двојката, д-р Хедер Џарел, за медиумите изјави дека се верува дека Бетси Аракава починала околу 11 февруари. Постморталниот преглед покажа дека Аракава, позната и како Бетси Хекман, подлегнала на Хантавирусен пулмонален синдром – ретка, но потенцијално фатална болест.

– Поради неговата Алцхајмерова болест, сосема е можно тој да не бил свесен дека неговата сопруга починала – додаде Џарел.

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, рече дека властите сè уште чекаат податоци од мобилните телефони, пронајдени на имотот, но „малку е веројатно дека тие ќе покажат нешто друго“.

Што е ХПС и како се пренесува?

ХПС, исто така познат како хантавирус болест, е респираторна инфекција предизвикана од хантавируси пренесени од одредени видови глодари. Ова е ретка состојба во САД, со повеќето случаи, пријавени во западните држави како Ново Мексико, Аризона, Колорадо и Јута. Одделот за здравство во Њу Мексико наведува дека хантавирусите се шират преку плунката, изметот и преку урината на заразените глодари, најчесто од источниот елен глушец (Peromyscus maniculatus) во Северна Америка. Вирусот обично се пренесува преку воздухот за време на чистењето на местата каде што престојувале глувците или со јадење храна, загадена со измет од глувци. Д-р. Џерел нагласи дека вирусот не се пренесува од човек на човек.

Симптомите, кои варираат кај заболените, се смета дека се јавуваат помеѓу 1 и 8 недели по изложувањето, со стапка на смртност од 38% до 50% во југозападниот дел на САД. Раните знаци на ХПС вклучуваат исцрпеност, треска и болки во мускулите, додека, пак, околу половина од пациентите, исто така, доживуваат слабост, главоболка, вртоглавица, дезориентација, тремор, зголемено потење и гастроинтестинални поплаки како што се гадење, повраќање и дијареа. Подоцнежните симптоми вклучуваат кашлање, отежнато дишење и пневмонија (акумулација на течност во белите дробови). Карактеристични се и брзото дишење и тахикардијата. Во оваа фаза, болеста напредува брзо, со што се потребни хоспитализација и механичка вентилација за поддршка на дишењето. Не постои специфичен лек, терапија или вакцина за ХПС, но пациентите имаат поголеми шанси за закрепнување доколку болеста се дијагностицира рано.

Share This Article