Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека ќе го повика претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп сите царини „да ги сведе на нула“.
– Им предлагаме на Соединетите Американски Држави дека би било најдобро да ги намалат сите царински давачки во меѓусебната размена на стоки на нула – рече Мерц на состанокот на неговите конзервативци откако го објави изборот на членовите на неговиот кабинет.
Тој, исто така, предложи меѓусебно признавање на технолошките стандарди меѓу Германија и САД.
– Она што го видовме во последните години и децении се се поголемите технички бариери меѓу главните трговски нации во светот и ние мора да го надминеме ова бидејќи тоа би можело да придонесе и за одржливо намалување на бирократијата – порача Мерц.