Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок оцени дека разговорите меѓу американската и украинската делегација во Џеда се важен чекор во потрагата по траен мир и безбедност.
„Резултатите од украинско-американските преговори би можеле да бидат важна пресвртница во потрагата на Украина за траен мир и безбедност. Германија, заедно со нашите партнери, ќе го поддржат украинскиот народ на овој пат. Сега на Русија е да стави крај на својата агресивна војна“, напиша таа на социјалната мрежа Х.
По разговорите меѓу украинската и американската делегација во Џеда, Саудиска Арабија, во вторникот, Украина изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД веднаш да воведе 30-дневен прекин на огнот.
Делегациите на Украина и Соединетите Американски Држави се договорија веднаш да започнат преговори за постигнување траен мир, како и да го одредат составот на нивните тимови.
По разговорите со украинската делегација во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „топката сега е на теренот на Русија“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
