Белата куќа потврди дека во моментов нема планови за средба во блиска иднина меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, објави Би-Би-Си.
Минатиот четврток претседателот Трамп изјави дека тој и претседателот Путин би можеле да одржат разговори во Будимпешта во рок од 2 недели, за да разговараат за крај на војната во Украина.
За оваа недела беше планиран подготвителен состанок меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и неговиот руски колега Сергеј Лавров, но Белата куќа соопшти дека двајцата функционери веќе имале „продуктивен“ телефонски разговор и дека средбата повеќе не е „неопходна“.
Белата куќа не даде дополнителни детали за причините за одложување на преговорите.
Во понеделник, Трамп ја поддржа идејата за замрзнување на украинскиот конфликт на постојната фронтова линија.
„Нека остане како што е“, рече Трамп, осврнувајќи се на спорниот регион Донбас во источна Украина.
Русија, пак, не остапува и го отфрла предлогот за замрзнување на конфликтот на сегашната фронтова линија.
– Москва е заинтересирана само за долгорочен и одржлив мир – рече Лавров, алудирајќи дека замрзнувањето на фронтовската линија би претставувало само привремен прекин на огнот.
Белата куќа тврди дека Трамп сè уште „работи на мирно и дипломатско решение за ставање крај на оваа бесмислена војна“, додека американските претставници оценија дека руските позиции не се промениле значително по последните разговори. Кремљ, од друга страна, тврди дека разговорот бил конструктивен и дека продолжува работата за спроведување на договорите од последната средба меѓу двајцата лидери во Аљаска. Сепак, извори во Вашингтон истакнуваат дека Рубио засега нема да препорача одржување нов самит, бидејќи Москва не покажува никаква подготвеност за отстапки.
Tagged as:
Белата куќа потврди дека нема планови за скорешна средба меѓу претседателите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
