Background

Белата куќа негира дека преговорите за мир со Техеран се во ќор-сокак

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, негираше дека разговорите со Иран дошле до мртва точка, откако иранските државни медиуми јавија дека Техеран го одбил предлогот на Вашингтон од 15 точки за ставање крај на војната.

– Разговорите продолжуваат. Тие се продуктивни и продолжуваат – изјави Ливит денеска на прес-конференција.

Во врска со медиумските извештаи кои тврдат дека го откриваат американскиот предлог од 15 точки таа рече дека „има елементи на вистина во тоа, но некои од приказните не се сосема точни “.

- Advertisement -
Ad image

Ливит рече дека Соединетите Американски Држави се блиску до постигнување на клучните цели на воената операција „Епски бес“.

– Ние сме многу блиску до постигнување на главните цели на операцијата, а воената мисија продолжува без прекин. Претседателот Доналд Трамп и Министерството за војна од самиот почеток проценија дека мисијата ќе трае 4 до 6 недели, а американската војска, 25 дена по почетокот на операцијата, е пред распоредот. Најмоќната војска во светот постигнува извонредни резултати секој ден, иранскиот режим е сериозно ослабен, а неговата способност да ги загрози Соединетите Американски Држави и нивните сојузници е значително намалена – рече таа.

Додаде дека амбициите на Иран да развие нуклеарно оружје се дополнително ослабени, дури и повеќе отколку за време на операцијата „Полноќен чекан“ во јуни 2025 година.

Според неа, американската војска продолжува да ги „уништува“ офанзивните и одбранбените капацитети на Иран.

– Досега се погодени повеќе од 9.000 непријателски цели, а иранските напади со балистички ракети и беспилотни летала се намалени за околу 90 проценти. САД  систематски ја расклопуваат одбранбената индустриска база на Иран, вклучително и со напади врз подземни складишта за ракети и оружје, каде што беа користени бомби со висок капацитет во текот на викендот. Уништени се повеќе од 140 ирански бродови, вклучувајќи речиси 50 бродови за поставување мини, што е најголемото уништување на морнарица во толку краток временски период од Втората светска војна – рече таа.

Таа изнесе податок и дека неколку бомби од по 2.200 килограми биле фрлени за време на викендот врз ирански подземни постројки каде се складираат ракети и оружје.

Зборувајќи за можноста за завршување на војната, Ливит нагласи дека претседателот Доналд Трамп сака мир, но исто така предупреди за можна понатамошна ескалација.

– Доколку Иран не го прифати поразот, претседателот ќе се погрижи да биде погоден посилно од кога било досега – рече таа.

Додаде дека Трамп „не е блефер“ и е „подготвен да ги отвори портите на пеколот за Иран“.

– Иран не би требало повторно да згреши Нивната последна погрешна пресметка ги чинеше нивното врховно раководство, нивната морнарица, нивните воздухопловни сили и нивниот систем за противвоздушна одбрана. Секое понатамошно насилство ќе биде последица на одбивањето на иранскиот режим да го разбере ова – рече Ливит.

На прашањето дали САД би можеле да испратат копнени трупи доколку преговорите пропаднат и за да го принудат Иран целосно да го отвори стратешки важниот Ормуски Теснец, таа одговори дека тоа е „хипотетичко прашање“ и е одлука на врховниот командант.

– Нема да ги прејудицирам неговите постапки – рече портпаролката на Белата куќа во Вашингтон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation