Белата куќа има план како САД да победат во глобалната трка

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Белата куќа денеска претстави акциски план за промоција на развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во САД, за извоз на американска вештачка интелигенција и за елиминирање на „идеолошката пристрасност“ на чет-ботовите.

– Претседателот Доналд Трамп посочи дека напредокот, па дури и доминацијата на САД во разузнавачката сфера е национален приоритет. Вклучени сме во глобална трка за лидерство во вештачката интелигенција и сакаме САД да победат – изјави Дејвид Сакс, виш советник на Белата куќа за вештачка интелигенција, за време на телефонски брифинг со новинарите.

Овој акциски план е резултат на широки консултации со експерти, истражувачи и со корисници, кои почнале во февруари.

Американскиот претседател има намера да отстапи од политиката на неговиот претходник Џозеф Бајден, кој се залагаше за контролиран раст, со акцент на безбедноста и на управувањето со ризиците.

Белата куќа соопшти дека идентификувала 90 мерки во 3 области кои ќе бидат спроведени „во наредните недели и месеци“.

Целта на првата област е да се олесни изградбата на нови дата-центри за работа на вештачката интелигенција и да се реализираат големи проекти за да се задоволат огромните потреби на тие центри за електрична енергија. Голем број дата центри веќе се во изградба во САД. Администрацијата на Трамп сака да го поедностави издавањето дозволи и овластувања за нови градилишта.

Вториот аспект се однесува на „дипломатијата на вештачка интелигенција“, како што ја нарекува Сакс. Ова, меѓу другото, би вклучувало ангажирање на две американски финансиски гранки за меѓународна трговија – Американската агенција за финансирање развој (DFCA) и Американската извозно-увозна банка, со цел да се поддржи извозот на услуги за вештачка интелигенција.

– За да се победи во оваа трка, (американските) модели на вештачка интелигенција мора да се користат ширум светот – вели Мајкл Крациос, директор за наука и технологија во Белата куќа.

Тој оцени дека американската вештачка интелигенција треба да биде референтен стандард во светот.

Трамп го направи приоритет ширењето на американската технологија во странство, особено на вештачката интелигенција. Тој придонесе за дискусиите што доведоа до тоа Обединетите Арапски Емирати во мај да потпишат договори со компаниите OpenAI, Oracle и Nvidia за изградба на сопствена инфраструктура за вештачка интелигенција.

- Advertisement -
Ad image

Третата клучна насока на акциониот план е одговорот за она што Трамп го гледа како појава на генеративна ВИ со „идеолошка пристрасност“. Тој планира да им забрани на државните служби да купуваат софтвер за генеративна вештачка интелигенција кој покажува таква „пристрасност“.

Според Мајкл Крациос, со тоа би се „обезбедило овие системи да овозможат слобода на изразување“. Тој вели дека „главната идеолошка пристрасност“, според Белата куќа, се однесува на иницијативите кои промовираат застапеност и инклузија на малцинствата.

Share This Article