Background

Бастијан со сексапилната Бугарка Силва ужива на луксузна хациенда во Мајорка

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер и поранешната српски тенисерка Ана Ивановиќ ставија крај на деветгодишниот брак во кој добија три деца.

Од моментот кога се дозна дека „златната спортска двојка“ се разведува, станаа главна тема на сите регионални и светски медиуми.

Ова се должеше, пред сè, на тајната врска на поранешниот германски фудбалер со Естер Седлачек, а потоа и на шокантната афера со Бугарката Силва Капитанов.

- Advertisement -
Ad image

Дека на бракот на Ана и Бастијан и дефинитивно му е ставен крај, потврди и адвокатот на поранешната српска тенисерка, а како што се наведува, причината се таканаречените непомирливи разлики помеѓу сопружниците.

Како што пишува српски „Курир“, од нивни добро информирани извори се дознало дека Швајнштајгер од неодамна живее во изнајмена хациенда на брегот на Мајорка со атрактивна Бугарка. Се наведува и дека тој ја изнајмува оваа луксузна недвижност за 50.000 евра месечно.

Како што пишуваат понатаму, Бастијан неодамна купил нова едрилица, за која потрошил дури три милиони евра.

Очевидци зборуваат дека Бастијан и Силва се однесуваат како вљубени тинејџери. Всушност, неодамна беа уловени во страсна прегратка на плажа во Грција.
– Она што го гледате овде е неговата нова едрилица, која плови под германското знаме. Тој ја купи на врвот на аферата со Силва. Кога не се во хациендата, поминуваат време на неа и крстарат по морето.

Се сончаат на палубата, се бакнуваат и се однесуваат како вљубени тинејџери. Изненаден сум што не беа откриени претходно, воопшто не им беше гајле што Бастијан сè уште беше во брак.

Сега во моментот не се тука, отидоа во Грција бидејќи постојано се под лупа на јавноста. Но, да беа тука, сигурно ќе ги фатеа на едрилицата. Сите овде знаат дека е негова – заклучува изворот на гореспоменатиот весник.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation