Топ Вести - Слушај сега
Тоа е над пола милион евра годишно, односно 540.000 евра кои Бастијан мора да ги издвои од својата заработка, а ќе ги плаќа до полнолетството на децата.
Оваа сума е утврдена како дел од таканаречените „привремени мерки пред главната постапка“, што е вообичаено во Шпанија кај разводите во кои се вклучени малолетни деца.
Иако главната бракоразводна постапка се води во Минхен, Ана живее на Мајорка со синовите Лука (8), Леон (5) и Тео (2), па затоа оваа одлука ја донесе шпанскиот суд.
Судот ја објаснил високата алиментација поради големата финансиска моќ на Бастијан, но и поради претходните трошоци на семејството.
Според судските документи, пред разводот, тие трошеле од 6.000 до 7.000 евра месечно само за храна.
На децата им помага вработен кој се грижи за нив и го води домаќинството, а пресметката ги вклучува и трошоците за персоналот – градинар, готвач и две слугинки.
Дополнително, секое дете има своја дадилка.
Судот ги зел предвид и високите приходи на Швајнштајгер, но се вели дека е тешко прецизно да се утврдат колкави се, бидејќи тој плаќа даноци во Германија.
За потсетување, Ана и Бастијан се венчаа во Венеција во 2016 година, а нивниот брак изгледаше идиличен скоро цела деценија.
Додека беа заедно, живееја на релација Чикаго, Белград, Минхен и Мајорка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
