Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека признавањето на палестинската држава „не е само морална должност, туку политичко барање“.
Тој на прес-конференција во Сингапур наведе дека Европа мора „да го заостри својот колективен став“ против Израел „ако во следните часови или денови нема соодветен одговор на хуманитарната ситуација“ во Појасот Газа, ЕУ ќе мора да ги примени своите правила и да примени санкции кон Израел.
– И затоа, да, мора да го заостриме нашиот став бидејќи тоа сега е неопходност, но сепак се надевам дека израелската Влада ќе го промени својот став и дека конечно ќе добиеме хуманитарен одговор – наведе Макрон.
Макрон пред Меѓународната конференцијата во Обединети нации во Њујорк посветена на решението за две држави, што ќе се одржи во Њујорк од 17 до 20 јуни, наведе услови за признавање на палестинската држава:
– Ослободување на заложниците што ги држи Хамас;
– Демилитаризација на палестинското исламистичко движење;
– Хамас да не учествува во управувањето со палестинската држава;
– Реформа на палестинската самоуправа;
– Признавање на Израел и неговото право да живее безбедно од таа идна држава;
– Создавање безбедносна архитектура во целиот регион.
Франција и Саудиска Арабија се копретседатели на Конференцијата посветена на решението две држави.