Background

Банкарскиот сектор во Македонија останува стабилен

Меѓународниот монетарен фонд позитивно ги оцени стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, како и напредокот во монетарната политика и институционалната рамка на Народна банка на Република Северна Македонија, се наведува во завршниот исказ по мисијата спроведена врз основа на членот IV.

Во соопштението се посочува дека домашната економија покажува отпорност, што се гледа преку одржувањето солиден економски раст и постепеното забавување на инфлацијата. Сепак, како ризик се наведуваат продолжениот конфликт на Блискиот Исток и повисоките цени на енергијата, кои би можеле да имаат негативни последици врз повеќе економски сегменти.

Од Народната банка информираат дека поради овие ризици, ММФ препорачува натамошно претпазливо водење на монетарната политика. Воедно, се нагласува дека модернизацијата на оперативната рамка за спроведување на монетарната политика претставува значајно достигнување, кое ја зголемува ефикасноста и флексибилноста на централната банка.

- Advertisement -
Ad image

ММФ оценува дека финансискиот систем останува стабилен, со добро капитализирани, ликвидни и профитабилни банки и ниско ниво на нефункционални кредити. Спроведените стрес-тестови, како што се наведува, покажуваат дека системските ризици се ограничени и под контрола, додека мерките во областа на макропрудентната политика се оценети како соодветни.

Во извештајот се поздравува и напредокот во усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што треба дополнително да ја зајакне супервизијата, решавањето банки и целокупната финансиска стабилност.

Од Народната банка истакнуваат дека и во наредниот период ќе останат посветени на одржување на ценовната и финансиската стабилност, како и на унапредување на политиките и инструментите во согласност со меѓународните практики.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation