Бајден бара укинување на претседателскиот имунитет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
U.S. President Joe Biden speaks on the death of former U.S. President and Nobel Peace Prize recipient Jimmy Carter, who died at the age of 100, at the Company House Hotel, in Christiansted, St. Croix, U.S. Virgin Islands, December 29, 2024. REUTERS/Ken Cedeno
- Advertisement -
Ad image

Џо Бајден повика на уставна измена на претседателскиот имунитет во своето проштално обраќање како претседател на САД, очигледно напаѓајќи го својот наследник, Доналд Трамп, објави Хил.

– Мораме да го смениме Уставот за да стане јасно дека ниеден претседател не е имун на злосторствата, извршени додека бил на функција. Моќта на претседателот не е неограничена. Таа не е апсолутна. И не треба да биде – посочи Бајден во обраќањето до нацијата од Овалната соба.

Бајден во понеделник ќе му ја предаде претседателската функција на Трамп кој убедливо победи на изборите во ноември.

Во јули, Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат широк имунитет од гонење за службени дела, што е голема победа за Трамп.

Конгресот би можел да ја поништи оваа важна одлука со измена на Уставот, но овој процес е познат како тежок за спроведување бидејќи бара поддршка од две третини и во Претставничкиот дом и во Сенатот, по што ќе следи ратификација од 75%од државите.

Share This Article