Новиот долгорочен договор меѓу Србија и Русија за снабдување со гас ќе важи најмалку три децении, преговорите меѓу делегациите на двете земји се добро во тек и досега е дефинирано дека годишно во Србија ќе пристигнуваат 2,5 милијарди кубни метри гас преку „Балкански поток“, изјави директорот на „Србијагас“ Душан Бајатовиќ.
Бајатовиќ додаде дека се планирани дополнителни количини кои можат флексибилно да се искористат.
Според него, се уште се разговара за формулата по која ќе се пресметува цената на гасот.
Сегашната формула за пресметка и овозможува на Србија да добива гас по најповолните цени во Европа.
Сегашниот тригодишен договор за гас меѓу Србија и Русија беше потпишан во 2022 година и важи до крајот на мај.