Австриската министерка за надворешни работи го предупреди Путин

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Австриската министерка за надворешни работи и лидерка на либералната партија НЕОС, Беате Мајнл-Рајзингер, во интервју за германскиот весник Ди Велт (Die Welt) изјави дека Русија сè повеќе губи ресурси и човечки потенцијал за продолжување на војната против Украина, предупредувајќи дека „ковчезите ќе се натрупаат во Русија“. Таа нагласи дека Кремљ нема вистинска намера за мир.

– Украина сака мир, Русија не. Ако Путин навистина сакаше мир, досега ќе започнеше преговори – рече таа.

Според неа, американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на Путин отстапки – Крим, источни украински региони и неутралност на Украина во однос на НАТО – но Русија не ја искористи таа можност за деескалација, туку продолжи со „војна на уништување“.

Мајнл-Рајзингер посочи и на катастрофалната состојба на руската економија, потенцирајќи дека Кремљ сè потешко ќе може да ја одржува воената машинерија.

Во врска со австриската неутралност, министерката порача дека земјата мора отворено да разговара за својата безбедносна иднина. Иако нема мнозинство за приклучување кон НАТО, таа оцени дека дебатата е неопходна. – Неутралноста сама по себе не нè штити. Она што нè штити се инвестициите во сопствената одбрана и партнерствата, порача таа.

Мајнл-Рајзингер нагласи дека Австрија веќе придонесува за европската безбедност – политички и финансиски – и потсети дека австриските војници се дел од мисиите на ЕУ.

За ситуацијата во Појасот Газа, таа рече дека Австрија стои зад Израел, но и дека мора да се почитуваат хуманитарните стандарди.  – Како пријатели, мораме да кажеме дека сегашната хуманитарна состојба е неприфатлива. Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува, вели шефицата на австриската дипломатија.

Австрија е една од над 20 земји кои бараат прекин на војната во Газа. Според министерката, предуслови за мир се ослободување на израелските заложници и уништување на терористичката организација Хамас.

Во делот за идеолошките разлики меѓу европскиот либерализам и американскиот либертаријанизам, таа предупреди на растечката комбинација од „техно-олигополски авторитаризам со религиозни тонови“ во САД и рече дека го споделува критицизмот кон радикалната „култура на будност“ (woke), којa според неа не гради слободно општество.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article