Австралиските власти започнаа истрага за смртта на 80-годишна жена која екипажот на крузер ја оставил на остров во Големиот корален гребен. Жената била на прошетка со други патници кога се одделила од групата, а бродот испловил без неа.
Според инфрмациите, жената во саботата заедно со други патници од крузерот Корал Адвенчер се искачувала на највисокиот врв на островот Лизард, Кукс Лук, но решила да се одмори и останала.
Бродот го напуштил островот околу зајдисонце, но се вратил неколку часа подоцна откако екипажот сфатил дека патничката не е на бродот. Наскоро започнала голема потрага, а телото на жената е пронајдено во недела наутро.
Портпаролот на Австралискиот орган за поморска безбедност (AMSA) изјави дека капетанот на бродот прво испратил извештај за исчезнатата жена во саботата околу 21 часот по локално време и дека ќе го испрашаат екипажот на бродот кога ќе се закотви во Дарвин.
Главниот извршен директор на „Корал експедишнс“, Марк Фифилд, изјави дека персоналот контактирал со семејството на жртвата.
– Додека истрагата за инцидентот продолжува, длабоко сме тажни што се случи ова и им ја нудиме нашата целосна поддршка на семејството на жената – рече Фифилд.
Кузерот тргнал на 60-дневно патување околу Австралија. Ова беше првата „станица“. Билетите за патувањето чинар десетици илјади долари.
Според официјалните податоци, „Корал Авантуриер“ може да смести до 120 патници и има екипаж од 46 лица. Бродот е специјално дизајниран за пристап до оддалечените делови од австралиското крајбрежје и е опремен со помали бродови за еднодневни излети.



























