Background

Авиосообраќајот се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се вкупно 8 лета во пристигнување и заминување, а пренасочен е 1 лет

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Авиосообраќајот се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се вкупно 8 лета во пристигнување и заминување, а пренасочен е 1 лет, соопшти ТАВ Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Од 20 часот, вчера, 21 декември 2025 година до 12 часот напладне денеска, 22 декември 2025 година, на Меѓународниот аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, откажани се 3 лета во пристигнување од Белград, Истанбул и од Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205), пренасочен е 1 лет во пристигнување од Франкфурт-Хан, откажани се 5 лета во заминување за Цирих, Белград, Атина, Истанбул, Истанбул – Сабиха Гокчен (презакажан за 23.12.2205).

Сите останати, 27 летови слетаа и полетаа, односно пристигнаа и заминаа согласно планираниот ред на летање на Меѓународниот Аеродром Скопје за наведениот период (од 20 часот, 21 декември 2025 година до 12 часот напладне денеска).

– Со оглед на тоа што временските услови се менуваат постојано и секоја авиокомпанија согласно своите интерни процедури има свој праг на толеранција за слетување и полетување при намалена видливост, повторно апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанија со која треба да патуваат – повторуваат од ТАВ Македонија.

Оттаму ја известуваат јавноста и патниците дека сите капацитети на Меѓународниот Аеродром Скопје се во функција и аеродромот е отворен за авиосообраќај.

– Нашиот персонал, со нашата аеродромска опрема и аеродромски системи работат 24/7 и се подготвени да ги услужат и авионите и патниците. Промените во редовниот распоред на летање, се ажурираат на нашата веб-страница во реално време https://skp.airports.com.mk/, како што ни стигнуваат од авиокомпаниите. Доколку патниците имаат дополнителни прашања за нивниот лет можат да се обратат на пултот за информации во терминалната зграда или на телефонскиот број: +389 2 3148 333 – велат од ТАВ Македонија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation