Background

Атина е поддржувач на Скопје, велат грчките дипломати

За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Високите дипломатски извори нагласија дека утрешната средба е навистина важна средба, но и дека Герапетритис и Муцунски имаат развиено „исклучително функционални односи“, дека имаат редовна комуникација и во обид, како што рекоа, да ги ограничат потенцијалните тензии по изборите кај нас.

Истите извори брифираа дека Атина е поддржувач на Скопје, објаснувајќи дека Грција во пракса го покажа тоа и на ниво на цивилна заштита со пожарите, но и по трагедијата во Кочани и дека ќе продолжи со поддршката.

- Advertisement -
Ad image

Како што соопштија претпладнево од Министерствата за надворешни работи на двете земји средбата Герапетритис – Муцунски е закажана за 12 часот по локално време, а два часа подоцна шефовите на дипломатиите ќе дадат изјави за медиумите.

Герапетритис и Муцунски во Грција се сретнаа и на почетокот на април годинава на маргините на Економскиот форум во Делфи, додека пак утрешната работна средба во Атина е прва посета на шефот на македонската дипломатија на грчката метропола

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation