Пандите го освоија, кинескиот јазик го предизвика, но само една изјава на српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ внесе немир кај љубителите на кошарката. Српски Курир пренесува дека на турнејата во Кина кошаркарот ги шокираше фановите со најавата дека може да ја напушти НБА.
Кога му рекоа дека има поздрав од 15-годишниот кинески талент, Јанг Хансен, кој јавно признал дека Јокиќ му е идол и посакал потпис и фотографија, српскиот ас изјави:
– Добар играч е, ме радува што нема да бидам во НБА кога тој ќе биде на врвот за две години.
Веста експресно ја пренесоа големите спортски медиуми, а од Денвер Нагетс засега немаат официјален став за евентуалното заминување на познатиот МВП.
Никола Јокиќ го поминал престојот во Кина со братот Немања, уживал со животните, пробувал локална храна, па дури и се возеше со најбрзиот воз во светот.