
Денес завршивме со асфалтирањето на потегот од регионалниот пат Ботун – Брежани (R29273) до с. Долно Средорече, во вкупна должина од 630 метри.

Овој проект е реализиран со финансиски средства од основниот буџет на Општина Дебрца, во износ од 3.957.673,00 денари.
Продолжуваме со континуирани активности за подобра и побезбедна инфраструктура во сите населени места.