Background

Арктикот станува шаховска табла за САД и Русија

Нуклеарна подморница од класата „Ју Ес Њупорт Њуз“, првпат се закотви во Исланд, што испрати јасна порака за воената моќ и стратегија на САД во арктичкиот регион, пишува Бизнис инсајдер. Според американската команда во Европа и Африка потегот претставува одговор на засилените воени маневри на Русија на Арктикот и на Далечниот Север.

САД го сметаат Исланд за клучна точка во арктичката стратегија, особено поради неговата стратешка локација, која им овозможила на западните сили да следат советски и потоа руски подморници уште од времето на Студената војна.

– САД одржуваат поморска база тука со децении и се потпираат на Исланд за следење на операциите на советските, а потоа и руските подморници – појасни адмиралот Стјуарт Манш, командант на американската морнарица во Европа и Африка.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Ерин Сојер, в.д. амбасадорка на САД во Исланд, соопшти:

„Вашингтон и Рејкјавик одржуваат заедничка цел за ниски тензии на Арктикот, целосно свесни за напорите на Русија да го зголеми своето воено присуство во регионот“.

Американската подморница влегла во исландските води и лани, но сега за првпат се закотвила и екипажот се истоварил. Подморниците од оваа класа се познати по можноста да дејствуваат во кој било дел од светот.

Пентагон ја потенцира важноста на Исланд и во својата Арктичка стратегија за 2024 година, укажувајќи на конкуренцијата со Русија, но и на обидите на Кина да го прошири своето влијание на север.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation