Background

Арапските земји коваат инженерски планови

Арапските земји од Персискиот Залив разгледуваат нови решенија за да го заобиколат Ормускиот теснец поради постојаните напади од Иран. Заканата од иранска контрола ги турка земјите кон скапи, но стратешки проекти за извоз на нафта и гас по копнен пат.

Според „Фајненшл тајмс“, станува збор за изградба и проширување на нафтоводи кои би ја намалиле зависноста од морскиот премин, кој е клучна точка за глобалната енергетика.

Но, изградбата на нов нафтовод би чинела најмалку 5 милијарди долари, се вели во написот. Поголеми регионални проекти достигнуваат и до 20 милијарди долари. Изградбата на некои од овие идеи би можела да трае со години.

- Advertisement -
Ad image

Покрај цената, постојат сериозни безбедносни ризици, вклучувајќи нестабилни региони, присуство на екстремистички групи и технички предизвици во пустински и планински терени.

Стариот нафтовод станува ново решение?

Во фокус повторно е саудискиот нафтовод Исток-Запад долг 1.200 километри. Тој веќе пренесува околу 7 милиони барели дневно до Црвеното Море и целосно го заобиколува Хормуз

Саудиска Арабија размислува за проширување на капацитетот и за дополнителни терминали за извоз. Дел од плановите вклучуваат и нови пристаништа на Црвеното Море, што би овозможило поголема флексибилност во извозот.

Мрежа наместо еден нафтовод

Експертите посочуваат дека најдолгорочно решение би било создавање регионална мрежа од поврзани нафтоводи. Таков систем би овозможил стабилност и би ја намалил зависноста од една точка.

Во игра се и идеи за поврзување со Медитеранот преку Египет или Израел, но овие опции носат сериозни политички ризици и бараат меѓудржавна координација

Што е реално на краток рок?

Заканата за Ормуз веќе влијае врз глобалниот енергетски пазар. Секое потенцијално затворање на теснецот може да предизвика скок на цените на нафтата и прекини во снабдувањето.

Токму затоа, енергетските компании и владите бараат долгорочни решенија кои ќе обезбедат стабилност и предвидливост на пазарот.

Најизводливи опции се проширување на постојните нафтоводи и зголемување на капацитетите кон пристаништа надвор од Ормуз. Во исто време, се водат дипломатски напори за повторно отворање на теснецот, додека енергетската криза ги забрзува разговорите за алтернативи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation