Жарко Грозданоски, лекар анестезиолог вработен во Клиничка болница Тетово, се терети дека го убил Климе Митревски поради имот вреден над еден милион евра во старото охридско јадро , по претходно склучен договор за доживотна издршка.
За убиството е осомничен Жарко Грозданоски од Брвеница кај Тетово, специјалист-анестезиолог и вработен во Клиничка болница Тетово. Според истрагата, Грозданоски и Митревски претходно склучиле договор за доживотна издршка, со кој Грозданоски се обврзал да го чува и негува Митревски во замена за наследство.
(Фото жртва Клие Митревски)
Наследството кое Грозданоски сакал да го присвои претставува недвижен имот во старото охридско јадро со проценета вредност од над 1.000.000 евра. Се смета дека обвинетиот свесно го забрзал умирањето на жртвата со цел побрзо да го стекне владеењето врз имотот.
Жарко Грозданоски е официјално обвинет за убиство сторено од користољубие , кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик носи една од највисоките казни затвор.
Случајот предизвика бројни прашања во јавноста, особено поради двојниот статус на осомниченото лице , лекар кој денес стои под обвинение за намерно одземање на живот. Медицинскиот персонал во клинички установи ужива висок степен на доверба, а нивниот пристап до пациенти и медикаменти ги прави евентуалните злоупотреби особено тешко докажливи.
СВР Охрид потврди дека истрагата продолжува, а во тек е и соработка со правосудните органи. Случајот е проследен и до Јавното обвинителство, кое треба да одлучи за притвор и понатамошна постапка.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
