Придобивките од Националниот систем за управување со документи (еДМС) се исклучително важни во зголемување на ефикасноста на институциите и за борбата против корупцијата, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
– Ние имаме Национален документ менаџмент систем со електронска архива, кој што автоматски кога ќе внесете предмет во архива, таа му доделува број и никој веќе не може да го изгуби тој предмет, не може тој предмет да се заборави, да биде во фиока. Точно се знае кога ќе влезе предметот во институцијата, каде е распределен, кој е одговорен за него и колку време стои во определена фаза на постапката. Многу е едноставен продуктот којшто го имаме. Јас кога дојдов во институцијата еДМС го користеа околу 20 институции, денес веќе активно имаме 45. Во тие 20 институции бројот на предмети е пораснат на околу 60.000, што значи скоро е триплирана фреквенцијата. И ако сме имале 0,1 или 0,2 нови институции месечно приклучени, денес имаме во просек 4 нови институции
Министерот дополни дека со овој чекор повеќе нема да има предмети чувани по фиоки или заборавани од страна на државните органи.
– Мојот предлог е и Јавното обвинителство да го преземе овој наш систем и целата документација електронски да ја архивираме, за секој нов предмет кога ќе пристигне во ЈО, како кривична пријава или преставка од граѓани, тој веднаш да биде електронски заведен. Тогаш веќе нема да може определни обвинители да заборават предмети, да ги изгубат, а раководителите во обвинителството ќе може да ги следат тие предмети. На тој начин бришеме уште една можност за корупција – дециден е Андоновски.
Тој потенцираше дека со овој систем се зголемува и комуникацијата на институциите меѓусебно, но и дека предметите нема да патуваат со денови, туку за секунди.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
