Поранешната шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на Генералното собрание на ОН.
На почетокот на 80-тата сесија на ГС на ОН во Њујорк таа го презеде раководењето со асамблејата од Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун.
Бербок беше избрана на оваа едногодишна функција во јуни со огромно мнозинство, и покрај кампањата на Русија за да ја попречи нејзината кандидатура.
Оваа 44-годишна политичарка од Зелената партија до мај годинава беше германска министерка за надворешни работи, а е само петтата жена што ја извршува функцијата претседател на Генералното собрание на ОН.
Позицијата е во голема мера церемонијална и не треба да се меша со улогата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Бербок ќе претседава со седниците на Генералното собрание и ќе помага во одредувањето на дневниот ред и процедуралните правила за состаноците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
