Background

Ана Ивановиќ и Швајнштајгер ја продаваат вилата во Мајорка

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ (37) и нејзиниот сопруг, поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер (40), одлучија да продадат една од своите луксузни вили на Мајорка, поради сè погласните гласини за развод, пренесуваат германските медиуми. Двојката со години уживаше во Сон Вида, елитна населба во Палма, каде што поседуваа две соседни вили. Сепак, одлуката да се продаде една од нив е уште една потврда дека Ана и Бастијан започнале со поделба на имотот, пишува германскиот портал „Гала“.

Пред две години, Ана во разговорот за германскиот магазин „Гала“, кој сега пишува за продажбата на имотот, искрено зборувала за предизвиците со Швајштајгер.

„Мора да се биде искрен. Треба отворено да се поделат ставовите и очекувањата со партнерот, да се гради меѓусебна доверба. Во спротивно, лесно може да се оддалечите еден од друг.“

- Advertisement -
Ad image

Особено интересно е што Ана најмногу време поминувала во оваа куќа, заедно со своите родители Драгана и Мирослав, кои често престојувале таму со нивните внуци, Лука (7), Леон (4) и Тео (1). Бастијан претпочитал да престојува во колибата во австрискиот Тирол, каде што минал поголем дел од последните месеци. Истовремено, германската водителка Естер Седлачек, за која медиумите шпекулираат дека е главната причина за кризата во бракот, уживала на истото место во февруари.

Гласините за крајот на љубовта помеѓу Ана и Бастијан траат со недели, а германските медиуми посочуваат дека Седлачек, која е бремена, е виновна за сè. Дополнителни сомнежи разбудија и контроверзните изјави на Бастијан и Естер во програма во живо, како и поканата од Швајнштајгер до водителката да го поминат викендот заедно.

Приватниот живот на Естер Седлачек останува голема мистерија. Познато е дека е во брак, но не е јасно со кого. Во мај 2019 година роди ќерка, а две години подоцна син, и сега повторно очекува бебе. Интересно е што порано беше во врска со познатиот германски голман Кевин Трап. Дополнително, Ана и Бастијан неодамна беа забележани во јавноста без венчалните прстени, што дополнително ги зајакна гласините за развод.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation