Бројот на егзекуции во Саудиска Арабија достигна рекордно високо ниво минатата година кога беа егзекутирани 345 лица, предупреди денес организацијата за човекови права Амнести Интернешнл.
Организацијата, исто така, предупредува дека околу две третини од егзекуциите во Саудиска Арабија се за случаи поврзани со дрога, објави АП.20 март
Амнести вели дека 180 лица биле егзекутирани во Саудиска Арабија во првите шест месеци од оваа година, што укажува дека рекордот веројатно повторно ќе биде соборен.
Исто така, се забележува дека 25 странски државјани неодамна биле егзекутирани или се на смртна казна во Саудиска Арабија по обвиненија поврзани со дрога.
Се верува дека не добиле фер судење.
Саудиска Арабија е една од неколкуте земји на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Иран, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, кои изрекуваат смртна казна за обвиненија поврзани со дрога.
Саудиска Арабија е на второ место по бројот на егзекуции, веднаш по Кина и Иран.