Среде сериозна расправа за државниот буџет во Парламентот на Босна и Херцеговина, атмосферата ненадејно се претвори во сцена што повеќе личеше на романтична комедија отколку на политичка седница.
Додека пратеникот од Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, зборуваше за симболиката на расправата, истакнувајќи дека министерот за финансии Срѓан Амиџиќ се појавил „ноќта пред Ноќта на вештерките“, во салата следуваше неочекуван пресврт.
Пратеничката на СНСД, Сања Вулиќ, му пријде на министерот, го бакна во образ, а потоа ги избриша трагите од кармин и го прегрна, потег кој предизвика лавина реакции и смеа во собраниската сала.
– Би ја замолил мојата колешка да не седи во скутот на министерот додека зборуваме за државниот буџет. Тоа е потценување на овој Дом и на сите нас тука. Предлагам пауза за да ги доведеме пратениците во ред – реагираше Бегиќ.
Иако сцената траеше само неколку секунди, видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и стана хит меѓу граѓаните, кои во коментари иронично забележаа дека „во парламентот конечно се појавила љубов, ако веќе нема резултати“.
Tagged as:
Амиџиќ доби бакнеж од пратеничката Вулиќ бурна седница во парламентот на БиХ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
