Американските вооружени сили уништија два брода во источниот дел на Пацификот поради сомнеж дека превезувале нелегални наркотични супстанции, при што загинале шест лица, соопшти денеска министерот за војна на САД, Пит Хегсет.
– Овие пловила беа познати на нашето разузнавање како дел од мрежа за шверц на дрога и се движеа по утврдена рута на транзит – рече Хегсет.


























