Оштетувањето на подводните кабли во Балтичкото Море, што ги вознемири европските безбедносни претставници во последниве месеци, најверојатно е резултат на поморска несреќа, а не на руска саботажа, потврдија за „Вашингтон пост“ неколку американски и европски разузнавачи.
Овој заклучок го одразува новиот консензус меѓу американските и европските безбедносни служби, изјавија високи функционери од три земји, вклучени во тековните истраги за серијата инциденти во кои каблите што претставуваат критични енергетски и комуникациски линии беа отсечени во Балтичкото Море, пишува „Вашингтон пост“.
Американските и европските претставници рекоа, според весникот, дека досега собраните докази, вклучително и пресретнатите комуникации и други доверливи разузнавачки информации, укажуваат на несреќи, предизвикани од неискусни екипажи кои служат на лошо одржувани бродови и дека има недостиг на докази што укажуваат на руска вина.
И покрај првичните сомневања за руска вмешаност, еден европски функционер рече дека има „против докази“ кои укажуваат за спротивното, а американски и европски претставници одбија да дадат детали и зборуваа под услов да останат анонимни, наведувајќи ја чувствителноста на тековните истраги.
Истрагите се фокусирани на 3инциденти во изминатите 18 месеци во кои бродови, кои патувале до или од руски пристаништа, биле осомничени дека ги прекинале клучните врски во огромната подводна мрежа на цевководи кои носат гас, електрична енергија и интернет сообраќајот до милиони луѓе низ северна Европа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
