Background

Трамп изјави дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25% и слични давачки за полупроводници и фармацевтски производи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25% и слични давачки за полупроводници и фармацевтски производи.

Трамп рече дека нема да воведува царини за автомобили пред 2 април, ден откако членовите на неговата влада се очекува да му ги претстават податоците и решенијата за серија увозни царини за американски стоки. Тој долго време предупредува за, како што го нарекува, нефер третман на американските возила на странските пазари.

Европската унија, на пример, го оданочува увозот на автомобили со 10%, четирипати повеќе од САД каде што таа е  2,5%. Но, САД имаат царина од 25% за увезените пикапи, освен оние кои доаѓаат од Мексико и Канада.

- Advertisement -
Ad image

Трамп изјави дека секторските тарифи за фармацевтските производи и полупроводници, исто така, „ќе започнат од 25% па нагоре и ќе бидат уште повисоки во текот на годината“.

Тој не наведе конкретен датум кога ќе стапат на сила тарифите, додавајќи дека сака да им даде време на производителите на лекови и чипови да градат фабрики во САД за да ги избегнат.

Од неговата инаугурација пред две недели, Трамп воведе 10% царина на целиот увоз од Кина, бидејќи Пекинг не го запре шверцот на фентанил. Потоа најави, а ги одложи за еден месец, царини од 25% за сите стоки од Мексико и Канада, освен енергијата.

Тој го одреди 12 март како датум за почеток на царината од 25% за увоз на алуминиум, елиминирајќи ги исклучоците за Канада, Мексико, Европската унија и другите трговски партнери. Тарифите ќе важат и за стотици производи од челик и алуминиум.

Минатата недела Трамп го задолжи својот економски тим да подготви план за воведување реципрочни тарифи за секој производ што ќе одговара на тарифите во другите земји.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation