Американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во намерата да го купи Гренланд, изјави државниот секретар Марко Рубио, откако Данска беше потресена од неговите закани дека ќе ја преземе автономната данска територија.
Во интервју, Рубио ја омаловажи заканата од САД да користат воена сила против Данска, сојузник на НАТО, но за забелешките на Трамп за Гренланд рече: „Ова не е шега“.
– Претседателот Трамп го објави она што има намера да го направи, а тоа е да го купи. Ова не е за стекнување земјиште заради стекнување земјиште. Ова е наш национален интерес и треба да се реши – рече Рубио.
Осврнувајќи се на гаранциите на НАТО за Данска, Рубио рече:
– Ние имаме договор за одбрана со нив за да го заштитиме Гренланд доколку биде нападнат – изјави Рубио за радиото SiriusXM.