Американскиот музички продуцент и рапер Шон – „Диди“ Комбс е осуден на 50 месеци затвор за подведување. Но, ќе треба да биде в затвор околу три години, земајќи го предвид и времето минато во притвор пред пресудата, според евиденцијата на федералните власти во САД. Следствено, Комбс треба да биде ослободен на 8 мај 2028, објави денес „Ен-би-си њуз“.
Музичарот беше прогласен за виновен претходно овој месец по две точки од обвинението за подведување, и ослободен од точките за рекетирање и трговија со луѓе. Обвинителите бараа 11-годишна казна затвор, но судот го зеде предвид фактот дека ова е прва кривична пресуда на Комбс. Тој се изјасни за невин по тужбите и ги негираше обвинувањата во текот на целото судење.
Комбс не сведочеше на судењето, но во писмо до судијата пред изрекувањето на пресудата, тој изрази каење, велејќи дека „искрено жали за болката и страдањето“ што ги предизвикал.
„Се изгубив, се изгубив во дрога и луксуз. Мојот пад произлегува од сопствената себичност“, додаде тој во пишаната изјава.
Судијата Арџун Субраманијан, исто така, го казни со парична казна од 500.000 долари и му наложи да отслужи пет години условна казна по неговото ослободување. Во таа смисла, по ослободувањето од затвор, Комбс ќе биде должен редовно да се јавува во полиција, да учествува во програми за лекување од дрога и од алкохол, советување за менталното здравје и програма за сторители на семејно насилство.
Тој ќе се подложува на редовно тестирање за дрога, а неговиот претпоставен има право да го претресе неговиот дом, автомобил, електронски уреди или лични предмети во секое време доколку има сомнеж дека ги прекршил прописите по неговото ослободување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
