Background

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД ја гледаат „завршната фаза“ од војната со Иран, како и дека по конфликтот ќе треба да ги преиспитаат односите со НАТО

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД ја гледаат „завршната фаза“ од војната со Иран, како и дека по конфликтот ќе треба да ги преиспитаат односите со НАТО.

– Ја гледаме завршната фаза. Нема да биде денеска, нема да биде утре, но е наскоро – изјави Рубио во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“.

Војната започна на 28 февруари, со американско-израелски напади врз Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел и држави на Заливот во кои има американски воени бази.

- Advertisement -
Ad image

Рубио посочи дека меѓу Иран и САД се разменуваат пораки и оти постои можност за непосредна комуникација меѓу двете страни.

Toj додаде дека Вашингтон ќе треба да ги преиспита односите со НАТО по завршувањето на конфликтот.

– На крајот тоа е одлука на претседателот. Но мислам дека, за жал, ќе треба да преиспитаме дали овој сојуз, кој добро и служеше на нашата земја одреден период, сè уште ја исполнува својата цел или се претворил во еднонасочна улица, во која Америка е ставена во позиција да ја брани Европа, а кога ни е потребна помошта на сојузниците, тие ни одбиваат пристап до бази и нивниот воздушен простор – изјави Рубио.

Toj рече дека Вашингтон е задоволен од напредокот постигнат во Венецуела во последните три месеци и повтори дека планот на САД предвидува стабилизација на земјата, економско закрепнување и политичка транзиција со слободни избори. Целта е да се спречи масовна миграција, граѓанска војна и улични немири, наведувајќи дека такво сценарио досега не се случило.

Според него, земјата сега е во фаза на економско закрепнување, за време на која, тврди тој, економијата се обновува, а извозот на нафта до рафинериите во САД се зголемува. Приходите од продажбата на нафта се депонираат на сметки под контрола на Министерството за финансии на САД и се користат во корист на венецуелскиот народ.

Тој додаде дека како дел од овој процес, стотици политички затвореници се ослободени и озлогласениот затвор каде што, според него, биле држени политички противници на владата, е затворен.

Зборувајќи за ситуацијата во Куба, Рубио оцени дека земјата е во сериозна економска криза и дека ѝ е потребен процес на економски и политички реформи.

Според него, кубанската економија не функционира и земјата ќе има тешкотии да ги реши своите проблеми без промени во системот на владеење, додавајќи дека наскоро би можеле да има нови информации за политиката на САД кон Куба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation