Американски сојузен судија денеска ја блокира новата Комисија за ефикасност на владата (ДОГЕ), предводена од милијардерот Илон Маск, да има контрола врз системот за плаќање на Министерството за финансии

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американски сојузен судија денеска ја блокира новата Комисија за ефикасност на владата (ДОГЕ), предводена од милијардерот Илон Маск, да има контрола врз системот за плаќање на Министерството за финансии.

Тоа е нова судска препрека на реформата што ја почна американскиот претседател Доналд Трамп.

Судијата Пол Енгелмаер со итна наредна им забрани на „сите политички именувани“, „сите специјални владини агенти“ и „сите владини службеници поврзани со агенција што не е дел од Одделот“ да пристапуваат до податоците на Министерството за финансии.

Во привремената наредба, која е во сила до сослушувањето закажано за 14 февруари, се наведува дека секое лице кое имало пристап до податоците од архивите на Министерството за финансии од инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, мора „веднаш да ги уништи сите копии од преземениот материјал“.

Соработниците на Маск пред неколку дена ја презедоа контролата врз платните системи на Министерството за финансии, што за опозициските демократи е „исклучително опасно“.

Според судијата Енгелмаер, без забраната, државата „ќе претрпи непоправлива штета“. Тој истакна дека на ДОГЕ ќе создаде „опасност од откривање чувствителни и доверливи информации и зголемен ризик од хакирање во системите на Министерството за финансии“.

Синдикатите и групите за човекови права остро се спротивставија на најбогатиот човек во светот да го преземе системот за плати на Министерството за финансии.

Тужбата против овој план беше поднесена од обвинители од 19 американски држави, тврдејќи дека администрацијата на Трамп го прекршила законот со проширување на пристапот до чувствителните податоци на Министерството за финансии на персоналот на ДОГЕ, Комисија која Трамп ја задолжи да ги намали владините трошоци.

Share This Article