Премиерот на Украина, Денис Шмихал, го даде првиот официјален одговор откако претседателот на САД, Доналд Трамп, реши да ја прекине американската помош за Украина, објави РБЦ Украина.
Шмихал изјави дека Украина ќе ја продолжи дипломатската работа со САД преку сите достапни канали и нагласи дека Киев е спремен да потпише договор за минерали со САД.
Тој додаде дека Киев ќе направи сѐ што е во негова моќ за да ја одржи соработката со САД на претходните нивоа, нагласувајќи дека американската воена помош е клучна и помага да се спасат илјадници животи.