Background

Амбасадата на Шведска во Скопје отвори конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден 2025/26“, на која може да се пријават девојки на возраст над 15 години, кои се грижат за родовата еднаквост, за еднакви можности за жените и девојките и кои сакаат да направат промена

Амбасадата на Шведска во Скопје отвори конкурс за позицијата „Амбасадорка на ден 2025/26“, на која може да се пријават девојки на возраст над 15 години, кои се грижат за родовата еднаквост, за еднакви можности за жените и девојките и кои сакаат да направат промена.

„Од кандидатката се очекува да го следи амбасадорот во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на Амбасадата и да учествува во целокупните дневни активности на Амбасадата. На крајот од работниот ден, ќе даде краток извештај за работата што ја завршил. Работа ќе започне во 08:30 часот и ќе заврши во 16:30 часот“, се наведува во соопштението на шведската Амбасада во земјава.

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи – кратко мотивациско писмо (најмногу 250 зборови) објаснувајќи зошто сте заинтересирани за позицијата; кратка биографија каде што посочувате што правите, кои се вашите интереси и кои активности сте ги презеле за да го промовирате или подобрите животот на заедницата во која живеете. Тоа може да биде акција во која сте иницирале или сте учествувале, која промовира еднаквост помеѓу девојчињата и момчињата, обезбедува помош за стари лица или загрозени лица, грижа за животната средина, итн.; Две препораки (најмногу 1-2 параграфи) од некој што добро ве познава и може да ве препорача за оваа позиција. Ова може да биде вашиот учител или наставник или секој што ве познава добро и ве видел во акција. Писмена согласност од вашите родители/ законски старатели (за девојчиња на возраст од 15-18 години)“, стои во повикот, појаснуваат од Амбасадата.

- Advertisement -
Ad image

Крајниот рок за сите апликации 10 ноември до 23:59ч, а пријавувањето се прави преку е-пошта на: ambassaden.skopje@gov.se со наведување: Апликација за конкурсот #GirlsTakeOver за „Амбасадорка на еден ден 2025/26“.

Од Амбасадата додаваат дека информациите за резултатите од конкурсот ќе им бидат доделени на сите апликанти до крајот на ноември 2025 година, на е-поштата наведена во апликацијата. Успешната кандидатка ќе ги извршува своите должности како „Амбасадорка за еден ден“ на датум што заеднички ќе биде договорен.

„#GirlsTakeOver е глобална иницијатива, според која девојките ширум светот заземаат позиции на моќ по повод Меѓународниот ден на девојките, 11 октомври. Шведското Министерство за надворешни работи и многу шведски амбасади ширум светот учествуваат во иницијативата“, наведуваат од Амбасадата.

Повеќе информации може да се најдат на веб страницата на Амбасадата на Шведска: Vacancy Announcement: #GirlsTakeOver 2025/26: Ambassador for a Day – Sweden Abroad.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation