Амаглобери веќе 16 денa штрајкува со глад

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Невладините организации во Грузија бараат ослободување на новинарката Мзија Амаглобели, која веќе 16 дена штрајкува со глад.

Грузиската филијала на меѓународната асоцијација на писатели ПЕН за вечерва најави протести со барање за ослободување на Амаглобели.

Амаглобели, која е основач на независните медиуми „Батумелеби“ и „Нетгазети“, беше приведена на 12 јануари под обвинение дека му удрила шлаканица на полицаец за време на протестите во црноморското одморалиште „Батуми“.

Таа по приведувањето веднаш почна штрајк со глад, истакнувајќи оти нејзиното приведување е политички мотивирано.

Невладините организации ја осудија „невидената репресија врз медиумите“ во Грузија и побараа истрага за тврдењата на Амаглобели дека била малтретирана за време на приведувањето.

Адвокатите на новинарката тврдат дека таа е малтретирана и во затвор.

„Итно и безусловно ослободување“ на Амаглобели на заедничка прес-конференција на 24 јануари побараа неколку меѓународни организации за правата на новинарите, вклучително и Меѓународниот институт за печат, Европскиот центар за медиуми и слобода на печатот и Европската федерација на новинари.

Грузија е во уставна криза откако владејачката партија Грузиски сон прогласи победа на парламентарните избори во октомври, за кои опозицијата тврди дека се фалсификувани. Грузиската Влада на 28 ноември одлучи да ги прекине преговорите за членство во ЕУ, што предизвика повеќемесечни протести. Стотици демонстранти и неколку активисти за човекови права и новинари се уапсени.

Share This Article