Карлос Алкараз повторно покажа врвна класа. Ги надмина и грчевите и дефицитот во брејк во петтиот сет и на крајот го победи Александар Зверев.
Публиката, која беше претежно на негова страна, му упати овации по натпреварот. Кога го прашаа што направи разлика, Алкараз одговори:
„Вера. Верував цело време. Мора да веруваш во себе и во своите способности, дури и кога имаш проблеми. Имав тешкотии во текот на третиот сет, но се издржав. Ова е еден од физички најнапорните натпревари што некогаш сум ги играл. Буквално се борев за секоја топка на теренот. Зверев беше одличен, но најдов начин да победам“, нагласи Карлос.
Во своето прво финале на Австралија Опен, тој ќе игра против победникот од дуелот Новак Ѓоковиќ – Јаник Шинер. Новинарот кој го интервјуираше на теренот потсети дека Шпанецот има можност да стане најмладиот играч во историјата што ги освоил сите четири Гренд слем турнири.
„Ми поставувате многу тешки прашања. Многу сум среќен што сум тука и што имам можност да го играм моето прво финале во Австралија. Помина долго време, моето ниво на тенис сега е нагоре. Сега сакам да уживам во оваа победа, а ќе има време да размислувам за финалето“, рече Алкараз.
На крајот, тој им се заблагодари на публиката:
„За мене, ова е одреден вид притисок, но публиката секогаш ме турка до крај. Не само во овој натпревар. Едвај чекам повторно да бидам пред вас и се надевам дека ќе бидам најдобар во финалето“, заклучи Алкараз.
Tagged as:
Алкараз: Верував дури и кога изгледаше дека нема излез
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
