Background

Алкалоид награден за афирмација на културното наследство

Државниот архив на Македонија годинава одбележува 75 години од своето основање, јубилеј што ја потврдува неговата исклучителна улога во заштитата, чувањето и афирмацијата на националната историја и на културно-историското наследство на државата.

Државниот архив е формиран на 1 април 1951 година со указ на тогашната Влада на НР Македонија, а низ децениите прерасна во еден од најзначајните столбови на македонскиот идентитет и културно наследство.

На пригодна церемонија по повод јубилејот, директорот на Државниот архив, Димитар Богески, посочи дека 75 години од основањето на институцијата не се само бројка, туку доказ за долгогодишната работа и посветеност на многу генерации архивисти и вработени. Воедно, беше нагласена и важната улога на Архивот како чувар на државната меморија и идентитет.

- Advertisement -
Ad image

На церемонијата им беа врачени пригодни плакети на неколку субјекти од земјава, меѓу кои и „Алкалоид“. Благодарницата за континуираната поддршка и придонес во развојот и афирмацијата на Државниот архив, во име на компанијата, ја прими генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Мукаетов истакна дека Архивот не е само збир на документи, туку жив доказ за постоењето, континуитетот и за идентитетот на една држава. Тој посочи дека при неодамнешното истражување за потеклото на документацијата на „Алкалоид“ се увериле во исклучителната вредност на фондот што го поседува Државниот архив, оценувајќи дека станува збор за институција со богато историско и документарно наследство.

Државниот архив функционира преку девет подрачни одделенија и девет подрачни архиви, во кои се чуваат околу 8.000 архивски фондови, односно приближно девет километри архивски материјал.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation