Главниот поддржувач и визионер зад проектот РК Алкалоид, Живко Мукаетов, се огласи на својот „Инстаграм“ профил по вчерашниот втор финален натпревар од ЕХФ Купот против грчкиот АЕК, кој не се одигра поради тоа што гостите одлучија да не излезат на теренот во СЦ „Борис Трајковски“.
Генералниот директор на „Алкалоид АД Скопје“ им се заблагодари на сите фанови кои беа присутни во салата и испратија силна поддршка за македонскиот клуб, кој се наоѓа пред историски успех во европскиот ракомет.
„Огромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех. Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување – и клубот и прекрасната публика синоќа“, напиша Мукаетов.
Тој нагласи дека РК Алкалоид целосно ги исполнил сите барања на надлежните институции во организацијата на натпреварот и изрази надеж дека Европската ракометна федерација ќе донесе одлука согласно спортските правилници.
„Ова требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси. Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, посочи Мукаетов.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
