Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе станат родители по вторпат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Младата српска музичка ѕвезда Александра Пријовиќ го очекува своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ.

Александра во оваа прилика зборуваше за „Блиц“ и накратко ја искоментира среќната вест.

– Точно е. Ви благодариме за честитките – изјави Александра за „Блиц“.

Да потсетиме, Александра неодамна во емисијата „Цеца шоу“ на Светлана Цеца Ражнатовиќ, откри дека сака покрај синот, да има и ќерка.

– Јас би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и сè да биде како што треба. Но, кога би можела да избирам, би сакала девојче – искрено рекла тогаш Александра.

– Тоа е убаво, да имаш и момче и девојче – се надоврзала Цеца.

Александра и нејзиниот сопруг Филип се во брак од 2018 година, а синот Александар им се роди пред шест години. Пејачката своевремено отворено зборуваше во медиумите за почетокот на врската со Филип Живојиновиќ, чиј татко е поранешниот српски тенисер Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена.

Таа тогаш призна дека уште од првата средба знаела дека тоа е љубов за живот.

– Штом го запознав, знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан на Вождовац. Веднаш ме освои со своите манири, начин на размислување и ставови. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е вистинскиот. Ме воодушеви првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што сакам да пијам и да јадам, за да донесе. Реков „ништо“, затоа што знаете како е на почетокот, кога некој ви се допаѓа, не сте ниту гладни, ниту жедни“, раскажала своевремено Пријовиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article