Граоначланичката Данела Арсовска именуваше нов директор на Комунална Хиегиена. Од нејзиниот кабинет информираа дека на позицијата е поставен Алексаnдар Јовановски.
– Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје, се вели во известувањето од Град Скопје.
Досегашниот директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми поднесе оставка од функцијата поради морални причини. Ова го изјави неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ по распитот во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.



























