Топ Вести - Слушај сега
Албанскиот парламент изгласа резолуцијата со која Иран се прогласува за „држава спонзор на тероризмот“. Израел ја оцени одлуката како историска.
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, преку објава на платформата Икс, изрази благодарност до премиерот Еди Рама и Парламентот „за овој многу важен чекор“.
Тој нагласи дека „ова е демонстрација на јасна морална димензија во надворешната политика на Албанија“.
„Високо ги ценам и им благодарам на албанскиот премиер Еди Рама и на албанскиот парламент за историската резолуција усвоена денеска, со која Исламската Република Иран се прогласува за држава спонзор на тероризмот. Според зборовите на резолуцијата: Тероризмот во сите негови форми претставува една од најсериозните закани за демократските општества. Ова е уште една демонстрација на јасната морална димензија во надворешната политика на Албанија“, истакна Саар.
Резолуцијата парламентот беше изгласана со 79 гласови „за“ на владејачките социјалисти.
На седницата, на која единствена точка на дневен ред беше резолуцијата, не присуствуваа пратениците од Демократската партија, Републиканската партија и од Партијата на слободата, наведувајќи дека „нема да учествуваат на седницата, која е свикана поради личната агенда на премиерот Еди Рама“.
Со документот, исто така, се бара владата да ги прогласи иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации.
Албанија во почетокот на септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран и ги протера иранските дипломати, откога го обвини Иран дека во текот на летото истата година извршил масовен кибернапад врз државни институции на земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
