Албанија ја доби првата министерка со вештачка интелигенција

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанија влезе во историјата како првата земја во светот која ќе има министерка создадена со вештачка интелигенција. Премиерот Еди Рама, кој го започнува својот четврти мандат, на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија го претстави новиот владин кабинет „Рама4“, во кој 17-ти член е виртуелната министерка Диела.

„Диела е првиот член на кабинетот кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден со вештачка интелигенција. Таа ќе ја претвори Албанија во земја каде што јавните тендери ќе бидат 100 проценти ослободени од корупција. Нема да може да биде поткупена, ниту некој да ѝ се заканува“, изјави Рама, објаснувајќи дека Диела – што на албански значи Сонце – ќе биде задолжена за сите јавни тендери.

Јавните тендери со години претставуваат извор на корупција во Албанија и сериозна пречка во евроинтеграциите на земјата. Рама посочи дека воведувањето на вештачка интелигенција во владата е дел од стратегијата за реформи и целта Албанија до 2030 година да стане членка на Европската Унија.

Иако Диела претходно годинава беше промовирана како виртуелен асистент на платформата е-Албанија, нејзиното назначување како министерка предизвика бројни реакции. Дел од политичките аналитичари го оценија потегот како амбициозен и новаторски, но предупредуваат дека не е јасно дали ќе има човечка контрола врз нејзината работа и како ќе се спречи можноста за злоупотреби.

Граѓаните, пак, се поделени. На социјалните мрежи дел иронично коментираат: „Дури и Диела ќе биде корумпирана во Албанија“, а други додаваат: „Кражбите ќе продолжат, а Диела ќе биде обвинета.“

Конститутивната седница на новиот парламент е закажана за утре, а веќе наредниот ден Рама ќе го достави составот на новата влада до претседателот. Со оглед на тоа што социјалистите располагаат со 83 пратеници од вкупно 140, гласањето за новата влада се очекува да биде само формалнос

Share This Article